• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

На граничниот премин Богородица се чека десетина минути

На граничниот премин Богородица се чека десетина минути

Гевгелија, 2 август 2018 (МИА) - На граничниот премин Богородица денеска за излез и за влез во земјава се чека десетина минути, соопштија од дежурната служба на граничната полиција.

Толку време им е потребно на граничните органи да ги обават задолжителните формалности и патниците да го продолжат патувањето. Ваквата релаксирана состојба, велат дежурните на Богородица, веројатно се должи на фактот што само четврток е неработен ден па поради тоа во голема мерка изостануваат македонските туристи.

Ниту во раните утрински часови немало налет на поголем туристички бран, но за секој случај нашите погранични работници се екипирани да бидат ефикасни и во поголема гужва.

На грчката страна од границата исто така нема поголемо задржување од петнаесетина минути што се смета за нормално во екот на туристичката сезона. им/ев/10:30

Фото: МИА Архива 

 

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ