• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Одрони на патниот правец Делчево - Македонска Каменица

Одрони на патниот правец Делчево - Македонска Каменица

Делчево, 2 август 2018 (МИА) - На магистралниот пат Делчево - Македонска Каменица забележлива е појава на ситни одрони. Одроните создаваат тешкотии во сообраќајот, а се најизразени на потегот од магистралниот пат Делчево - Македонска Каменица од селото Очипала до село Илиово.
 
Поситни одрони се забележливи и на магистралниот пат пред селото Луковица. Таму засега поставените мрежи за запирање на одроните не дозволуваат поголеми парчиња камен да се најдат на самиот коловоз кај споменатиот патен правец.
 
Внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација се препораките до возачите кои имаат потреба за движење по магистралниот патен правец од Делчево кон Македонска Каменица. 
 
Од АМСМ известуваат дека сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. вс/мч/18:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ