Нормализиран сообраќајот на патот Валандово - Удово

Нормализиран сообраќајот на патот Валандово - Удово

Скопје, 4 август 2018 (МИА) - Нормализиран е сообраќајот на патот Валандово - Удово што беше во прекин од 4:15 часот ноќеска поради сообраќајна незгода.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците е можна појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. мч/08:09

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ