Без поголеми задржувања на граничните премини, зголемен интензитет на сообраќајот на патиштата

Без поголеми задржувања на граничните премини, зголемен интензитет на сообраќајот на патиштата

Скопје, 5 август 2018 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. вг/

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ