• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Зголемен интензитетот на сообраќајот на магистралниот пат Гостивар - Кичево

Зголемен интензитетот на сообраќајот на магистралниот пат Гостивар - Кичево

Гостивар, 5 август 2018 (МИА) - По завршувањето на продолжениот празничен викенд во текот на денов и вечерва зголемен е интензитетот на сообраќајот на патниот правец Гостивар - Кичево, особено во правец кон Гостивар.

Од  СВР Тетово за МИА изјавија дека заради избегнување на сообраќаен метеж се преземени соодветни мерки на регулирање на сообраќајот.

- За да се избегнат застоите на овој дел од патот се врши физичко регулирање на сообраќајот близу Стража, кај мостот кој е во фаза на реконструкција, и на крстосницата која води за Маврово и Гостивар. Сообраќајот на оваа делница беше регулиран со светлосна сигнализација (семафор), а денеска тоа го прават полициски службеници, изјавија за МИА од СВР Тетово.

По сообраќајниците низ гостиварскиот регион забележан е зголемен број на возила со оглед дека во овој дел од годината во родниот крај доаѓаат и печалбарите. згм/вг/19:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ