• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Поништена постапката за доделување финансиска подрршка на авиопревозници

Поништена постапката за доделување финансиска подрршка на авиопревозници

Скопје, 6 август 2018 (МИА) - Министерството за транспорт и врски ја поништи постапката за доделување финансиска поддршка на авиопревозници.

Постапката е поништена на предлог на Комисијата за спроведување на постапката за доделување финансиска поддршка на авиопревозници, а по јавното отворање што се оддржи на ден 27 јули годинава за што беше доставена само една понуда, од „Виз ер“.

- На јавното отворање, Комисијата констатирала дека доставеното барање за доделување на финансиска поддршка не е доставено согласно точка 2.1 од Документацијата за барање, односно на трите запечатени внатрешни пликоа не е наведен полниот назив и адреса на авиопревозникот, што е еден од условите пропишани во Документацијата за барање, нацедуваат од Министерството за транспорт и врски.

Врз основа на ова, Комисијата констатирала дека не постојат услови за понатамошна евалуација на пристигнатото барање за финансиска поддршка. Согласно извештајот од Комисијата, Министерството за транспорт и врски ја поништи постапката за доделување на финансиска поддршка.

Министерството за транспорт и врски најавува дека во најкраток рок повторно ќе го објави јавниот повик за доделување финансиска поддршка на авиопревозници, со цел, како што посочуваат, да се овозможи развој на авиосообраќајот во Република Македонија.са/сд/11:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...