На Богородица и Табановце се чека до 30 минути за излез од Македонија

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути за излез од Македонија

Скопје, 8 август 2018 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини Богородица и Табановце има зголемена фреквенција на возила и за излез од државата се чека од 15 до 30 минути, информира АМСМ.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. вј/са/12:16

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...