• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Нов асфалт на улици во Гостивар и во селото Форино

Нов асфалт на улици во Гостивар и во селото Форино

Гостивар, 8 август 2018 (МИА) - Започна реконструкцијата на неколку улици во гостиварското село Форино и во населбата околу ОУ „Гоце Делчев“. Вредноста на инвестициите е проценета на 22,5 милиони денари обезбедени од општинскиот буџет.

Општинскиот портпарол Јасин Демири потврди дека претпладнево започнале градежните работи за поставување на нов асфалтен слој на оштетените улици во близина на ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар.

- На приближно еден километар од улиците околу училиштето ќе биде отстранет стариот асфалт и ќе се заменат оштетените рабници. Истовремено започнаа и работите во селото Форино каде ќе бидат асфалтирани две улици во село Форино со должина од 1.100 метри, истакна Јасин Демири, портпарол на Општина Гостивар.

Тој, оценува дека работите ќе бидат завршени во предвидените рокови и упати апел до граѓаните за трпение и поголемо внимание кога ќе се движат во деловите каде се изведуваат градежните работи.

Од Канцеларијата за имплементација на проекти известуваат дека во наредните месеци, ќе се реализираат повеќе капитални проекти, за кои веќе се обезбедени финансиски средства. Градоначалникот Арбен Таравари неодамна информираше дека до крајот на годината во инфрстуктурни објекти ќе бидат инвестирани околу два милиони евра. згм/ев/15:34

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ