Студија за регулаторна рамка на медиуми и онлајн медиуми

Студија за регулаторна рамка на медиуми и онлајн медиуми

Скопје, 8 август 2018 (МИА) - Студија „Регулаторна рамка за медиуми и онлајн медиуми – македонскиот случај“ е  изготвена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), со експертска помош на Советот на Европа. Во неа се прави компаративна анализа на законодавствата на земјите-членки на ЕУ во однос на онлајн медиумите, нивното дефинирање, регулирање и се даваат препораки за можни измени и дополнувања на правната рамка.

Анализата покажува дека во земјите-членки на ЕУ, материјалниот опсег на регулаторната рамка за медиуми е ограничен на аудиовизуелни медиумски услуги, како што е дефинирано со Директивата на АВМУ, поради што не ги опфаќа онлајн медиумите кои главно не се аудиовизуелни. Сепак, во неколку земји, како што се наведува во студијата, може да се најдат дефиниции за онлајн медиуми (или електронски медиуми или слични концепти), или во Законот за аудиовизуелни услуги или, почесто, во конкретни закони за медиуми.

- Овие дефиниции понекогаш се придружени од минимални административни обврски, како што е запишувањето во јавен регистар, но тоа во никој случај не значи дека постои некаква форма на регулирање на содржините слично на она кое им се налага на давателите на аудиовизуелни медиумски услуги, се наведува во студијата.

Студијата е достапна на македонски и англиски јазик, а наскоро ќе биде преведена и на албански. вј/скс/15:43

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ