• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Претставници на ОБСЕ/ОДИХР и ААВМУ разговараа за претстојниот референдум

Претставници на ОБСЕ/ОДИХР и ААВМУ разговараа за претстојниот референдум

Скопје, 8 август 2018 (МИА) - Делегација на ОБСЕ/ОДИХР, предводена од вишиот советник за избори, Стивен Мартин денеска во седиштето на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) со претседателот на Советот на Агенцијата, Лазо Петрушевски и претставници на стручната служба разговараа за медиумското покривање и активностите на Агенцијата поврзани со претстојниот референдум.

Oд ААВМУ соопштија дека нивните претставници информирале дека со оглед на тоа што во Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните нема прецизни правила за начинот на известување на медиумите и емитувањето јавна пропаганда, изготвени се нацрт-препораки, кои ќе бидат финализирани откако на 17 август ќе заврши јавната расправа.

Во однос на појаснувањето на ДИК за медиумите и медиумското претставување, Агенцијата го повторила својот став дека на сите заинтересирани субјекти треба да им се обезбедат еднакви услови за пристап до платената јавна пропаганда, со еднакви цени за сите. рп/мд/16:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...