• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

На Табановце се чека половина час, на Богородица до 15 минути

На Табановце се чека половина час, на Богородица до 15 минути

Скопје, 12 август 2018 (МИА) - На граничниот премин Табановце попладнево за излез од државата се чека половина час, а на граничниот премин Богородица околу 10 до 15 минути, соопшти Авто-мото стојзот на Македонија.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги чекања за влез и за излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.скс/18:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ