СВР Скопје се корегира: Нема загинати во сообраќајки во Скопје

СВР Скопје се корегира: Нема загинати во сообраќајки во Скопје

Скопје, 13 август 2018 (МИА) - СВР Скопје соопшти дека е направена грешка во извештајот за случени сообраќајни незгоди за време на викендот во Скопје и оти нема починати лица.

- По грешка во графата починати лица внесено е едно починато лице од сообраќајка. Во текот на викендот нема лица кои учествувале во сообраќајка со смртни последици, се вели во најновиот извештај од СВР Скопје. 

Претходно, СВР Скопје соопшти дека на подрачјето на главниот град за време на викендот се случиле вкупно 25 сообраќајни незгоди во кои едно лице е загинато, едно е потешко повредено и 21 полесно повредено. Во 14 сообраќајки причинета е материјална штета. бак/сд/09:46

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ