• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Сугарески: Работам согласно позитивните законски пописи

Сугарески: Работам согласно позитивните законски пописи

Велес, 13 август 2018 (МИА) - Работам согласно позитивните законски прописи во Република Македонија и повеќе од сигурен сум  дека она што го правам е со чист образ без апсолутно да се срамам или кријам било што, порача министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Велес.

За наводите во кривичната пријава поднесена од непознат поднесувач против него за изградбата на патот до Крива Паланка, што според некои од медиумите била направна без тендер и без ревизија, Сугарески рече дека ги повикува институциите комплетно да го расчистат случајот.

- Како прво не можам да се препознаам во наводите коишто се поднесени во пријавата. И така да е ги повикувам од ова место сите надлежни институции во државата до крај комплетно да го расчистат сето она што преку непознато лице е поднесено во Основното јавно обвинителство, изјави Сугарески и апелираше порталите, кои како што рече, ја оцрнуваат Владата на Република Македонија, точно да утврдат која е ингереценцијата на министерот за транспорт и врски.

Не сум политички наивен, додаде, и нормално е дека во наредниот период ќе се зголемува и зацрнувањето на членовите на Владата и премиерот, имајќи во предвид дека ќе имаме референдум. ад/вј/14:44

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ