Интензитетот на сообраќајот умерен, нема чекања на граничните премини

Интензитетот на сообраќајот умерен, нема чекања на граничните премини

Скопје, 14 авгист 2018 (МИА) - Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е умерен и се одвива по суви коловози и без проблеми.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги чекања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.јв/са/07:41

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ