Во Скопје 17 сообраќајки, полесно повредени 11 лица

Во Скопје 17 сообраќајки, полесно повредени 11 лица

Скопје, 15 август 2018 (МИА) - На територија на Скопје во изминатото деноноќие се случиле 17 сообраќајки во кои 11 лица се здобиле со лесни телесни повреди. 

Во 11 сообраќајни несреќи имало само материјална штета, а шест се со тешки телесни повреди.

Дваесет и пет возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 21 возач биле исклучени од сообраќај и тоа поради управување возила под дејство на алкохол еден возач, 16 возачи поради немање дозвола за управување моторно возило и четворица возачи почетници. Од сообраќај се исклучени и 17 возила и тоа 1- бидејќи не биле нерегистрирани и седум кои биле технички неисправни.

Непрописно биле паркирани 129 возила, а 61 биле подигнати од пајак.скс/са/09:13

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ