• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Во Скопје 12 сообраќајки, повредени шест лица

Во Скопје 12 сообраќајки, повредени шест лица

Скопје, 16 август 2018 (МИА) - На територија на Скопје во изминатото деноноќие се случиле 12 сообраќајни несреќи во кои едно лице е потешко повредено, а петмина се здобиле со лесни телесни повреди. 

Во девет сообраќајки регистрирана е само материјална штета.

Шеесет и осум возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 25 возачи биле исклучени од сообраќај и тоа шест поради управување возила под дејство на алкохол еден возач, 17 возачи поради немање дозвола за управување моторно возило и двајца возачи почетници. Од сообраќај се исклучени и 14 возила и тоа 13 бидејќи не биле регистрирани и едно кое било технички неисправно.

Непрописно биле паркирани 109 возила, а 53 биле подигнати од пајак. вг/скс/09:31

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ