• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Нормализиран сообраќајот на патот Штип - Кочани, задржување од половина час на „Богородица“, еден час на „Табановце

Нормализиран сообраќајот на патот Штип - Кочани, задржување од половина час на „Богородица“, еден час на „Табановце

Скопје, 17 авгсут 2018 (МИА) - Сообраќајот на магистралниот пат Штип-Кочани, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, од 18:45 часот е норманилиран. Одвивањето на сообраќајот на државните патишта е по претежно суви коловози.

Како што соопшти АМСМ,  интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на граничниот премин „Богородица“ каде задржувањето е околу половина час, и на граничниот премин „Табановце“ каде задржувањето е околу еден час.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. вг/вј/19:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...