Зголемен бројот на превезени патници во патниот, воздушниот и железничкиот превоз

Зголемен бројот на превезени патници во патниот, воздушниот и железничкиот превоз

Скопје, 24 август 2018 (МИА) - Во патниот патнички сообраќај во вториот квартал од годинава во однос на тој квартал лани, бројот на превезени патници е зголемен за 2,7 отсто, во воздухопловниот за 20,7 проценти, во железничкиот превоз за 13,8 отсто, а намалување е забележано за 16,4 отсто во градско-приградскиот превоз, објави Државниот завод за статистика.

Во однос на првото тримесечје од 2018 година, бројот на превезените патници во патничкиот превоз е зголемен за 2,6 отсто, во градско-приградскиот превоз за 4,9 отсто, во железничкиот превоз за 12,1 отсто, додека во воздухопловниот превоз е зголемен за 32,3 отсто.

Во второто тримесечје од 2018 година, во споредба со второто тримесечје од 2017 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 4,4 отсто, во воздухопловниот превоз за 7,4 отсто, додека во железничкиот превоз е зголемено за пет отсто.

Во однос на првото тримесечје од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 22  проценти, во воздухопловниот превоз за 10,9 отсто, додека во железничкиот превоз е зголемено за 13,4 отсто.скс/сд/14:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...

Со масло за јадење бркале зли духови од музеј

Суд во Атина осуди две бугарски државјанки на чети...

Меган Маркл во живанши-тоалета од 2.510 фунти

На традиционалната средба со припадници на маорска...

Ѕвездата од „Бубалици“ во уште една хумористична хит-серија

Еден од главните актери во комедијата „Бубалици“, ...