За излез од Македонија повеќе од половина час се чека на Табановце и на Богородица

За излез од Македонија повеќе од половина час се чека на Табановце и на Богородица

Скопје, 25 август 2018 (МИА) - На граничните премини Табановце и Богородица денеска има зголемена фреквенција на возила. На Табановце за излез од земјата се чека од 30 до 45 минути додека на Богородица е од 15 до 30 минути, соопшти АМСМ. На другите гранични премини нема подолги задржувања од македонска страна. 

Интензитетот на сообраќај на автопатиштата е зголемен, а сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози.  

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. ев/09:46

Фото: МИА Архива 

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ