Штип ќе има пајак служба

Штип ќе има пајак служба

Штип, 25 август 2018 (МИА) - Штипското Јавно претпријатие „Стипион“ како донација од град Скопје доби пајак возило. Директорот на ЈП „Стипион“, Сашко Протогеров вели дека возилото е веќе во Штип, а  во функција ќе се стави за месец и половина.

- Ќе треба да се направат многу пропратни работи за да профункционира пајак службата, ќе треба да направиме сертификати за луѓето, кои што го опслужуваат, потоа обука. А тест за хидроуликата на возилото, потоа да одредиме место, каде ќе бидат носени возилата, кои што ќе ги подигне пајакот, вели Протогеров.

Штип првпат ќе има пајак служба, а низ централното градско подрачје има околу 500 паркинг места за кои се наплаќа. Оваа бројка ќе се зголеми за уште 40 паркинг места со пуштање во функција и на новата платформа, која е изградена над коритото на реката Отиња, кај новиот Трговски центар, чија изградба е во финална фаза.вдј/лв/13:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...