• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Во Штип се асфалтира улицата „Радански пат“

Во Штип се асфалтира улицата „Радански пат“

Штип, 25 август 2018 (МИА) - Во Штип се асфалтираат и уредуваат улиците, кои се дел од Програмата на општина Штип, а која оваа градежна сезона ќе инвестира околу 2.300.000 евра.

Штипското јавно претпријатие „Стипион“ работи на асфалтирање на улицата „Радански пат“, чија вредност е 464.000 денари, а веќе од понеделник се почнува и со реконструкција на улицата „Иво Лола Рибар“ во централното подрачје.

- Асфалтирањето ќе започне во понеделник, на 27 август, а ден претходно, односно до утре  граѓаните треба да ги отстранат возилата и целиот кабаст отпад за да може да се асфалтира, рече  Кристина Костова, советник за медиуми во Општина Штип. вдј/лв/14:11

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ