• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Од ноември почнува изградбата на инфраструктурната мрежа во зоната Визбегово

Од ноември почнува изградбата на инфраструктурната мрежа во зоната Визбегово

Скопје, 27 август 2018 (МИА) - До почетокот на ноември се очекува да почнат активностите околу изградбата на инфраструктурната мрежа во индустриската зона Визбегово.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој денеска беше во работна посета на општина Бутел, изјави дека до средината на септември јавното претпријатие „Водовод“ треба да го изготви проектот по што Министерството за транспорт и врски ќе го распише тендерот.

- Изградбата на инфраструктурата во зоната Визбегово е предизборно ветување на Владата и ние тоа ќе го исполниме. Во Буџетот на Република Македонија се определени 20 милиони денари што се наменети за започнување на инфраструктурата во делот на водовод и канализација, рече Сугарески.

Проектот ќе чини од седум до девет милиони евра со цел во наредниот период комплетно да бидат завршени инфраструктурните работи во индустриската зона Визбегово.     

Покрај активностите во индустриската зона Визбегово, градоначалникот Велимир Смилевски најави дека во следниот период Бутел ќе биде општина каде ќе се одвиваат низа градежни активности. Според него, еден од најголемите проблеми со кои се соочува општината е немањето атмосферска канализација.

- Нашата општина има проблеми со канализацијата и водоводот и се надевам дека со помошта што ќе ни ја даде Владата во наредниот период ќе ги реализираме сите ветени проекти, изјави Смилевски по средбата со министерот Сугарески. бак/ сд/14:28

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...