• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Стружанец учествувал во сообраќајка во Албанија

Стружанец учествувал во сообраќајка во Албанија

Либражд, 27 август 2018 (МИА) - Во сообраќајна несреќа што се случи попладневно на патниот правец Либражд-Прењас, во близина на албанско-македонската граница, кај преминот „Ќафасан“ учествувал и стружанец.

Во директниот судар на две возила,со кои управувале македонскиот државјанин И.Л.(36) од Струга и С.С.(45) жител на Тирана повредени се шест лица,на кои им е укажана лекарска помош во болницата во Либражд.

- Во сообраќајната несреќа повредени се Т.С.(75), Ѓ.К.(80) и Е.К.(85) сите жители на Тирана, како и македонските државјани М.Л.(31),Е.Л.(12) и Ќ.Л. Сите се префрлени во болницата во Либражд и се вон животна опасност, стои во полициското соопштение.

Ова е втора сообраќајка месецов во близина на преминот „Ќафасан“ во која учествува македонски државјанин. На 16 август учествуваше возило управувано од Валерија К. (25),во која повредени беа и нејзините три сопатнички. И тие минаа со полесни повреди и по дадената лекарска помош во болницата во либраж беа пупштени на домашно лекување. вт/нд/18:40

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ