• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Сообраќајот по влажни коловози, на граничните премини нема подолги задржувања

Сообраќајот по влажни коловози, на граничните премини нема подолги задржувања

Скопје, 28 август 2018 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. рп/сд/09:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ