Во Скопје изминатите два дена 21 сообраќајка, двајца потешко повредени

Во Скопје изминатите два дена 21 сообраќајка, двајца потешко повредени

Скопје, 29 август 2018 (МИА) - Вкупно 21 сообраќајнa незгодa се случилa изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Две лица се тешко повредени, а шест лесно. 

Како што соопшти СВР Скопје, со поголема брзина од дозволената се движеле 87 возачи, седум биле под дејство на алкохол, 17 поминале на црвено, а 22 биле исклучени од сообраќај пред да се стекнат со право на управување на моторно возило.

Тринаесет возачи се исклучени од сообраќај зашто не им биле регистрирани возилата, а подигнати со пајак се 64 возила. сст/08:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ