• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

М-НАВ регрутира нова генерација контролори на летање

М-НАВ регрутира нова генерација контролори на летање

Скопје, 30 август 2018 (МИА) - Македонска Навигација (М-НАВ) објави повик до сите заинтересирани полнолетни лица, на возраст до 25 години, да се пријават за една од најценетите, но и најодговорни професии – контролор на летање.

„Со порастот на бројот на летови и прелети на нашето небо, се зголемува и потребата од нови кадри во одделот што е најдиректно одговорен за безбедноста и контролата на воздушниот сообраќај во Македонија“, наведува компанијата давател на услуги во авиосообраќајот и додава дека за таа цел во тек е процесот на регрутација и селекција на кандидати за обука за контролори за летање.

Покрај старосната граница до 25 години (да не наполниле 26 години), кандидатите треба да имаат завршено средно образование и да имаат потврда за знаење на Англиски јазик најмалку на ниво на Б2.

Контролори на летање

Освен навремената и комплетна апликација, еден од најважните услови е полагањето на FEAST тестот на ЕУРОКОНТРОЛ (www.feast.info) за проверка на специфичните способности и вештини неопходни за оваа професија. Доколку го поминат овој тест, успешните кандидати можат да продолжат во натамошните фази на изборот, сè до склучувањето на договорот за обука и финална селекција за оваа професија. Деталите за условите и  огласот можете да ги видите ТУКА, а рокот за поднесување на документите е 12.09.2018 г.

Специфичните вештини и предиспозиции за оваа професија, кандидатите може да ги откријат и преку  онлајн игрите на https://www.nats.aero/careers/trainee-air-traffic-controllers/games/, додека за проверка на знаењето на англискиот јазик, кој е воедно и официјалниот јазик за комуникација во авиосообраќајот, тука е бесплатниот прелиминарен е-тест преку линкот http://www.cambridgeenglish.org/test-your-english/.

Успешните кандидати во сите фази на предселекцијата (т.е. по положување на FEAST тестот, здравствениот преглед и интервјуто со изборната комисија) се упатуваат на обука за контролори за летање, по чие успешно завршување, стануваат дел од М-НАВ како контролори на летање.

За повеќе информации посетете ја страницата mnavigation.mk. са/сд/10:54

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ