• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Четиринаесет лица повредени во сообраќајки во Скопје, торјца потешко

Четиринаесет лица повредени во сообраќајки во Скопје, торјца потешко

Скопје, 31 август 2018 (МИА) - Вкупно 14 лица се повредени во сообраќајни незгоди што се случиле во Скопје во изминатото деноноќие. Од нив, тројца се со тешки телесни повреди, а 11 со лесни повреди. 

Покрај ова, во четири од вкупно 15 сообраќајки е причинета материјална штета. 

Според полицискиот билтен, 44 возачи возеле побрзо од дозволеното, тројца биле под дејство на алкохол, а од сообраќај се исклучени и 11 возачи кои возеле пред да се стекнат со возачка дозвола и двајца возачи почетници.

Од сообраќај се исклучени и девет технички неисправни возила и девет нерегистрирани.

Во изминатото деноноќие издадени се и 75 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 64 возила. бак/са/08:31

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ