• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Во прекин сообраќајот кај Сопотско, се пренасочува низ Царев Двор

Во прекин сообраќајот кај Сопотско, се пренасочува низ Царев Двор

Битола, 31 август 2018 (МИА) – Тешко товарно моторно возило се преврте попладнево на патниот правец Ресен-Битола кај местото викано „Сопотско“. Сообраќајот е во прекин.

- Во сообраќајната несреќа учествувало тешко моторно возило марка „Мерцедес“ кое од непознати причини се превртело на магистралниот пат, истиот го попречило и е во прекин. Возачот на тешкото моторно возило се здобил со лесни телесни повреди, а полициски екипи вршат увид на местото на сообраќајната незгода. До отстранување на тешкото моторно возило од магистралниот пат, сообраќајот се пренасочува и ќе се одвива низ населеното место Царев Двор, потврдија за МИА од СВР-Битола.мт/скс/17:49

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ