На Табановце и Богородица се чека по дваесетина минути

На Табановце и Богородица се чека по дваесетина минути

Скопје, 2 септември 2018 (МИА) - На граничните премини Табановце и Богородица се чека по 15 до 20 минути, а на остатаните гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. сст/мч/12:18

###

фото МИА Архива

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ