• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Над 100 милиони евра за водоводна и канализациска мрежа најави Сугарески

Над 100 милиони евра за водоводна и канализациска мрежа најави Сугарески

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) - Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој денеска беше во посета на Дојран, најави дополнителни 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локални патишта, како и над 100 милиони евра кои ќе бидат инвестирани во водоводна и канализациона мрежа.

-  Ќе обезбедиме над 100 милиони евра за општините кои ќе може да се искористат за изградба на водоводи и канализации и затоа апелирам до општините да подготват и достават ревидирани проекти до Владата. Општините треба да ги утврдат приоритетните проекти, а ние ќе им помогнеме да ги реализираат. Ова е еден од начините со кој ќе ги подобриме условите за живот на граѓаните, рече Сугарески.

Тој денеска се сретна и со градоначалникот на Дојран, Анго Ангов со кого разговараше за приоритетните проекти во општината како  што се изработката на урбанистичките планови, развојот на туризмот, привлекувањето на странски инвестиции и подобрувањето на патната и комуналната инфраструктура.

Градоначалникот на Дојран најави дека до почетокот на идната година ќе се заврши асфалтирањето на локалниот пат Дојран-Црничани. им/бак/14:50

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ