• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Давитков: Без никакво потценување на противникот

Давитков: Без никакво потценување на противникот

Скопје, 26 ноември 2017 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација вечерва ја пречекува Швајцарија во вториот натпревар од првиот прозорец во рамки на претквалификациите за Европското првенство што ќе се одигра 2021 година.

Селекторот Јорданчо Давитков од неговите избраници бара максимален пристап без оглед на противникот кој нема некоја кошаркарска традиција.

- Швајцарија е малку непозната за нас, бидејќи во последните три години репрезентацијата нема играно. Се работи за млада екипа која има неколку играчи од бившите југословенски простори кои сигурно знаат како треба да играат и дојдени се тука за да играат без некој посебен притисок. Им реков и на играчите, ние мораме да изиграме максимално 40 минути, без никакво потценување. на противникот, па на крај ќе го видиме резултатот. На овој натпревар ќе настапиме во истиот состав како и против Словачка со исклучок на Кире Николовски кој на синоќешниот тренинг се повреди на болка во задната ложа, па нема да ризикуваме да ја влоши состојбата, истакна селекторот Давитков.

Натпреварот Македонија - Швајцарија ќе се игра вечерва од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“. Влезот ќе биде бесплатен за сите љубители на кошарката. зс/17:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.