• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

МКФ: Жално е кога толеранцијата се злоупотребува

МКФ: Жално е кога толеранцијата се злоупотребува

Скопје, 18 март 2018 (МИА) – Најголемото македонско кошаркарско дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром беше прекинато вчеравечер кон крајот на третиот период поради неспортското навивање на двете навивачки групи.

Атмосферата во салата „Градски парк“ стана непријателска поради што официјалните лица на натпреварот, делегатот и комесарот за натпреварување по фрлените предмети на теренот, плукањето и втрчување на теренот од страна на навивачите одлучија да го прекинат натпреварот и да го презакажат за (недела, 18 март) со почеток во 18:00 часот, но пред празни трибини, соопштија од Македонската кошаркарска федерација.

- Жалиме што однесувањето на поединци влиjaе на целокупната атмосфера и на љубовта кон кошарката што ја имаа поголемиот дел од посетителите. Ќе бараме посебна одговорност од домаќинот и организатор на овој натпревар за недоволниот број редари и за организациските пропусти, но и сите заедно ќе мора поактивно во иднина да работиме на отстранувањето на хулиганството и на неспортското навивање. Безбедноста на сите инволвирнаи страни (играчи, судии, публика, полиција) е на приоритетно ниво и жално е кога толеранцијата се смета за слабост и се злоупотребува, вели Спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски.

Тој најави ревизија на „Градски Парк“ и дополнително одлучување дали во оваа сала ќе се продолжи со играње на прволигашки натпревари. зс/07:25

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.