• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Металург повторно ќе аплицира за место во ЛШ

Металург повторно ќе аплицира за место во ЛШ

Скопје, 30 мај 2018 (МИА) - Македонскиот вицешампион Металург повторно ќе аплицира за дополнително место во ракометната Лига на шампиони за наредната сезона, објави клубот од Автокоманда на својата официјална веб страница.

Во текот на наредната недела, преку канцеларијата на РФМ, Металург ќе побара од Европската ракометна федерација на Македонија повторно да ѝ додели дополнително место во Лигата на шампионите за сезоната 2018/2019, каде Вардар, како првак, има директно место во групната фаза.

- И следната сезона Металург има желба и амбиција да биде дел од најсилното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Се надеваме дека со нашата игра, нашиот квалитет и со создавачкиот концепт ќе ги задоволиме критериумите на ЕХФ и повторно ќе бидеме дел од ракометната елита, смета Зоран Цветановски, претседателот на Металург. зс/14:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...