• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Металург и следната сезона ќе настапува во ЛШ

Металург и следната сезона ќе настапува во ЛШ

Скопје, 18 јуни 2018 (МИА) – Македонскиот вицешампион Металург повторно доби вајлд-карта и ќе настапува во Лигата на шампионите (ЛШ).

Извршната комисија на ЕХФ на денешниот состанок во Глазгов одлучи дека Металург ги задоволува потребните критериуми и му додели вајлд-карти.

Клубот од Автокоманда ќе настапува во групите со условно понизок квалитет Ц и Д, заедно со Адемар Леон, Спортинг, Елверум, Бешикташ, Вакер Тун, Чеховски медведи, Динамо Букурешт, Татран Прешов, Кокс, Висла и Силкеборг.

Вардар како актуелен македонски првак ќе биде дел од елитните групи А и Б.

Ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите ќе се одржи на 29 јуни. дб/цч/18:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...