Давитков: Во Швајцарија да ја продолжиме победничката серија

Давитков: Во Швајцарија да ја продолжиме победничката серија

Скопје, 27 јуни 2018 (МИА) - Македонската кошаркарска репрезентација денеска ќе замине за Швајцарија каде ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза во првата претквалификациска рунда за Евробаскет 2021. Селекторот Јорданчо Давитков посакува добар настап и задржување на победничкиот ритам.

- Победивме три натпревари и изградивме добра атмосфера. Овој меч доаѓа во незгодно време, но изминатите десет дена ги минавме доста добро. Успеавме да го вклопиме и новиот Американец - Шејн Витингтон. Одиме да победиме, но нема да биде лесно. Многумина очекуваат само да се појавиме на паркетот, но ние мораме максимално да се испотиме и да се пласираме понатаму. Сите во Европа играат кошарка и во светот. Нема повеќе мали тимови, изјави Давитков за веб страницата на МКФ.

Натпреварот меѓу Швајцарија и Македонија ќе се игра утре (28 јуни) со почеток во 19 часот и 30 минути. зс/11:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.