• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

МКФ бара од клубовите соодветни сали и исполнување на финансиските обврски

МКФ бара од клубовите соодветни сали и исполнување на финансиските обврски

Скопје, 9 јули 2018 (МИА) – Македонската кошаркарска федерација денеска ги извести сите клубови кои идната сезона ќе се натпреваруваат во Првата лига – мажи, за обврските кои треба да ги исполнат во врска со котизацијата за учество како и услови за спортските сали кои се пријавени за натпреварите на домашен терен.

На клубовите им е даден рок од два месеца за санирање на потребните услови на салите како и 30 дена за поднесување на гаранција за учество во лигата или исплата на истото.

- Доколку не се исполнат условите и некој клуб не обезбеди гаранција за спортската сала (со предлог алтернативна сала до конечна санација на првично пријавената) автоматски клубот се откажува од правото за учество во ПЛМ и неговото место ќе биде заземено од клуб кој е предвидено да се натпреварува во втората лига по ранг – Втора Лига мажи. Роковите се дадени, со цел да до 7. август федерацијата има јасна слика за тоа кои клубови планираат да учествуваат во ПЛМ  како и да им се даде евентуална шанса на клубовите од ВЛМ, а воедно и да се одлучува по прашањето за зголемувањето на ВЛМ односно намалување на бројот на учесници во ПЛМ, информираат од МКФ. зс/13:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.