• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Осум реномирани екипи на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2018“

Осум реномирани екипи на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2018“

Скопје, 6 август 2018 (МИА) – Во организација на РК Струга на игралиштето на отворено кај женска плажа во Струга, од 15 до 19 август ќе се одржи 46. Меѓународен ракометен турнир „Струга 2018“.

Осум екипи ќе бидат поделени во две групи. Во првата ќе играат: Цеље (Словенија), Бешикташ (Турција), Тулуз (Франција) и Еурофарм Работник (Македонија).

Втората група ќе ја сочинуваат екипите на: Железничар (Србија), Констанца (Романија), Алингсас (Шведска) и домаќинот Струга (Македонија).

И оваа година турнирот го помогна Агенцијата за млади и спорт.

-АМС секогаш ги помага настаните кои ја промовираат Македонија. Задоволство ми е што сме главни покровители и на овој традицуионален турнир за кој сум убеден дека ќе биде на високо ниво. Ракометот е спорт број 1 во нашата држава и верувам дека тоа ќе биде потврдено и на претстојниот турнир во Струга, изјави Дарко КАевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.

Претседателот на РК Струга и поранешен македонски репрезентативец Наумче Мојсовски очекува турнирот да го врати стариот сјај.

- Осумте реномирани екипи кои ќе учествуваат на 46. издание се гаранција дека турнирот го враќа високото ниво, а во тоа ни помогнаа АМС и Ракометната федерација на Македонија. Очекувам квалитетни натпревари во кои публиката ќе може да ужива, изјави Мојсовски на денешната прес-конференција.

Како предигра на финалето на турнирот ќе се одигра и македонскиот Суперкуп межу Вардар и Металург. Овој натпревар е закажан за 18 август. зс/14:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.