• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Металург се засили со седум ракометарки

Металург се засили со седум ракометарки

Скопје, 9 август 2018 (МИА) - ЖРК Металург сезоната ќе ја почне со максимални амбиции во македонското првенство, во националниот куп, во пионерското, кадетското и во јуниорското првенства на Македонија, информираат од клубот.

- Екипата го сочува својот лански состав, со кој ја освои вицешампионската титула, а дополнително се засили со пет ракометарки надвор од нашиот клуб, како и со две квалитетни ракометарки од нашиот подмладок, објави Металург на клупскиот сајт.

Нови ракометарки на ЖРК Металург се централниот бек Софтовска Стефани (16) и левиот бек/центар Леонида Гичевска (20) кои дојдоа од Вардар; левиот бек/центар Георгиевска Мила (16) и левиот бек/центар Стојановска Михаела (16) од подмладокот; левиот бек Темелковска Тамара (15), која дојде од Кичево; централниот бек Гулицоска Теодора (21) и десното крило Кукунешевска Ангела (19) кои во Металург пристигнаа од Струга. зс/13:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...