Османи: Фокусирани сме само на Салцбург

Османи: Фокусирани сме само на Салцбург

Скопје, 13 август 2018 (МИА) – Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи во пресрет на реваншот во 3. коло од квалификациите за Лигата на шампионите против Ред Бул Салцбург, рече дека неговите ќе се обидат да се реваншираат за високиот пораз (0:3) на првиот меч во Австрија.

- Добро ја анализиравме играта на првиот натпревар. Головите што ги примивме се поради наши грешки. И ние создадовме шанси. Ќе се обидеме да победиме. Ќе играме максимално до самиот крај без калкулации. Фокусирани сме само на утрешниот дуел, а за понатаму ќе размислуваме зависно од исходот, рече Османи.

Тој најави мали промени во составот во однос на првиот дуел.

- Ќе има многу мали промени во однос на тој натпревар, додаде Османи на денешнатаљ прес-конференција.

Оптимист дека Шкендија може да дојде до подобар резултат е и Висар Муслиу.

- Ни фали малку европско искуство. Имаме силен противник кој редовно е во евро-куповите. Но, и тие имаат по две нозе исто како и ние, рече Муслиу.

Натпреварот е закажан за утревечер на „Филип Втори“ во Скопје со почеток во 20 часот и 15 минути. зс/13:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...