Американецот Роберт Браун ново засилување на Блокотехна

Американецот Роберт Браун ново засилување на Блокотехна

Гевгелија, 13 август 2018 (МИА) – Американскиот кошаркар Роберт Браун е нов играч во составот на гевгелиската екипа Блокотехна.

Станува збор за 26-годишен кошаркар висок 196 сантимери, кој игра на позицијата бек-шутер.

Настапувал во универзитетската кошаркарска лига на САД, но има и двегодишно искуство во Европа. Браун во сезоната 2016/17 година настапуваше за кипарски АПОЕЛ, а минатата сезона ја помина во унгарски Јашберени. дб/вг/16:13

 

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ