• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Нова специјална подлога за ракометното игралиште на „Женска плажа“ во Струга

Нова специјална подлога за ракометното игралиште на „Женска плажа“ во Струга

Струга, 15 август 2018 (МИА) - Во пресрет на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2018“, со поддршка од Спортските обложувалници „Моцарт“ реновиран е теренот на игралиштето „Женска плажа“.

Свеченото отворање на турнирот е закажано за 18 часот и 20 минути.

За вечерва се закажани и првите два натпревари од турнирот, кој годинава се враќа во полн сјај како во најдобрите времиња.струга игралиште 2

Учесници на 46.издание од реномираниот ракометен турнир се: Целје, Тулуз, Бешикташ, Железничар, Констанца, Алингсас, Еурофарм и домаќинот Струга.

Во сабота во рамки на турнирот се игра македонскиот Супер куп меѓу Вардар и Металург.

Дневните билети за натпреварите се продаваат по цена од 50 денари, а сите средства од продажбата на билетите ќе бидат донирани за Центарот за дијализа во Струга. зс/11:21

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.