Повилас Гаидис ново засилување на Блокотехна

Повилас Гаидис ново засилување на Блокотехна

Гевгелија, 15 август 2018 (МИА) – Литванскиот кошаркар Повилас Гаидис е нов играч во составот на гевгелиската екипа Блокотехна.

Станува збор за кошаркар висок 208 сантимери, кој игра на позицијата центар.

Тој последните три сезони настапувал во Австрија, една во Грац и две во дресот на Гмунден.

Последната сезона одиграл 39 натпревари, а во просек реализирал по 7,7 поени и 4,8 скока. дб/вј/15:29

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ