• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Лина Ѓорческа ќе игра во квалификациите на Ју-Ес опен

Лина Ѓорческа ќе игра во квалификациите на Ју-Ес опен

Скопје, 15 август 2018 (МИА) - Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе настапи во првото квалификациско коло за Ју-Ес опен.

Ѓорческа согласно моменталното рангирање не би можела да игра во квалификациите, но сепак организаторите и дозволија да учествува поради фактот дека минатата година беше на 170-то место на ВТА листата за време на турнирот.

Македонска тенисерка паузираше неколку месеци заради повреда на зглобот на раката, но повторно се врати на терените и изминативе два месеци настапи на неколку ИТФ фјучерси.

Ѓорческа во моментов се наоѓа 600-то место на ВТА листата.

Квалификациите за Ју-Ес опен почнуваат на 21 август, а за македонската тенисерка ова ќе биде трето учество. дб/ац/17:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...