Струга претрпе пораз од Железничар на отворањето на Струшкиот турнир

Струга претрпе пораз од Железничар на отворањето на Струшкиот турнир

Струга, 15 август 2018 (МИА) - Домаќинот на Струшкиот турнир, ракометниот клуб Струга, претрпе пораз од српскиот клуб Железничар на отворањето на 46-то издание на овој меѓународен турнир.

На отвореното игралиште „Женска плажа“ гостите од Ниш ги совладаа домаќините со 20:25.

Железничар од почетокот на натпреварот воспостави контрола на теренот, а на паузата замина со предност 12:14.

Во второто полувреме гостите ја зголемуваа разлика, која во еден момент изнесуваше и 18:25 за Железничар, а натпреварот заврши со конечни 20:25.

Во групата 2 освен Струга и Железничар се наоѓаат уште Алингсас (Шведска) и Констанца (Романија), а во групата 1 се Еурофарм Работник (Македонија), Целје (Словенија), Тулуз (Франција) и Бешикташ (Турција). дб/вг/19:42

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ