Почна 46. Меѓународен Струшки ракометен турнир

Почна 46. Меѓународен Струшки ракометен турнир

Струга, 15 август 2018 (МИА) – Со натпреварот меѓу Железничар и Струга (25:20) на отвореното иргалиште „Женска плажа“ вечерва почна 46. Меѓународен ракометен турнир.

По завршувањето на натпреварот, присутните ги поздрави претседателот на РК Струга Наумче Мојсоски и го прогласи турнирот за отворен. Тој изрази надеж дека публиката во наредните четири дена ќе ужива во квалитетен ракомет.

Менаџерот на обложувалниците Моцарт, кои се генерален спонзор на турнирот, Васко Илиевски изрази задоволство за можноста да помогне во организацијата на оваа манифестација.

- Горди сме што успеавме сето ова да го направиме и на 46. Издание на Струшки ракометен турнир да се игра на оваа подлога  што ќе им овозможи на ракометарите успешни и супер интересни натпревари. Струга е ракометен град, а РК Струга секогаш бил расадник на добри ракометари. Се надеваме дека ова ќе помогне да излезат уште добри ракометари како што е Наумче Мојсоски, рече Илиевски.

Во тек е натпреварот Констанца - Алингсас, а потоа силите ќе ги одмерат Целје и Еурофар Работник. сс/вг/20:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...