• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

КК Гостивар ги почна подготовките за претстојната сезона

КК Гостивар ги почна подготовките за претстојната сезона

Гостивар, 15 август 2018 (МИА) - Пред стотина љубители на кошарката, доцна попладнево, со првиот тренинг започнаа подготовките на кошаркарската екипа „Гостивар“ за претстојната натпреварувачка сезона.

Во спортската сала „Младост“ на прозивката на тренерот Марјан Србиновски дојдоа сите играчи со кои раководството на клубот претходно склучи договори.

Тим менаџерот Бајрамали Саити потврди дека екипата нема да оди на подготвки надвор од земјата.

- Во консултација со шефот на стручниот штаб Србиновски и останатите тренери заклучивме дека максимумот би го извадиле во Гостивар. Можно е да направиме мини балканска турнеја, каде би одиграле неколку меѓународни пријателски натпревари, рече Саити.

Во сино-белиот дрес и нареднава сезона ќе има играчи кои играа и претходно и ги продолжија договорите. Публиката имаше можност да ги види и последните засилувања Карим Канти и Џо Фурстингер. Меѓу играчите на тренингот се придружи и Перо Антиќ, кој досега е играч без ангажман, а формата ќе ја одржува на тренизни со гостиварци.

Составот со кој гостиварци ќе ја започне сезоната, според изборот на тенерот Марјан Србиновски изгледа вака: Јурај Сегариќ, Ренато Димитриевски, Роберт Димитриевски, Ивица Димчевски, Димче Тасовски, Јетмир Зеќири, Карим Канти, Џо Фурстингер, Мартин Шалев, Златко Јовицоски, Антонио Симуновски, Марјан Ѓорѓески, Борис Дуковски, Ќипре Серафимоски, Тауланд Ибраими и Никола Заревски. згм/вг/21:48

###

           

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ