Возбудливи натпревари на првиот ден од Струшкиот ракометен турнир

Возбудливи натпревари на првиот ден од Струшкиот ракометен турнир

Струга, 16 август 2018 (МИА) – Екипите на романската Констанца  и шведскиот претставник во ЕХФ купот Алингсас синоќа одиграа нерешено 21:21 (13:12) на 46. Меѓународен ракометен турнир во Струга.

Романската екипа Констанца предводена од поранешниот македонски селектор Ѕвонко Шундоски и Алингсас во тврд и неизвесен натпревар се менуваа во водството, кое не беше повеќе од три гола разлика.

Првата ракометна вечер ја затворија словенечкиот шампион и долгогодишен учесник во лигата на шампионите Целје и Еурофарм Работник од Битола, во кој гостите славеа со минимална победа од 23:22 (13:7). Словенците имаа предност во текот на целиот натпревар, во неколку наврати и со шест голови разлика со што ја оправдаа фаворитската улога.

Ракометниот турнир во Струга го отворија домаќинот Струга кој пружи достоен отпор против српскиот вицешампион Железничар предводен од Веселин Вујовиќ, но го загуби натпреварот со 25:20 (14:12).

Денеска на теренот на ракометното игралиште „Женска плажа“ ќе играат екипите Бешикташ  - Еурофарм Работник, Железничар - Алинксас, а вечерта ќе заврши со дербито меѓу Целје од Словенија и Тулус од Франција. сс/зс/07:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.