Целје и Жељезничар на чекор до финалето на Струшкиот ракометен турнир

Целје и Жељезничар на чекор до финалето на Струшкиот ракометен турнир

Струга, 17 август 2018 (МИА) - Вториот ден од ракометниот турнир во Струга почна со натпреварот на турскиот шампион  и учесник во лигата на шампионите Бешикташ и битолскиот Еурофарм Работник на кој очекувано славеа гостите од Турција предводени од македонскиот репрезентативец Немања Прибак со 31:29 (15:15).

Во тимот на македонскиот претставник најефикасен беше искусниот Горан Кузмановски со овој втор пораз екипата на Еурофарм Работник ги загуби сите шанси за пласман во финалето.

Струга ракомет

Во вториот натпревар во кој играа тимовите на Железничар и Алигсас се случи мало изненадување, во кое славеше екипа на тимот на легендарниот Веселин Вујовиќ со 23:20 (10:5). Во тврд натпревар со малку голови српскиот вицешампион успеа да ја оствари својата втора победа на турнирот и сега е на чекор до неделното финале, за кое им е потребно да останат непоразени на последниот натпревар во групата со романска Доброгеа Суд. Додека екипата на шведски Алигсас остана да се бори за подобар пласман без шанса за финале.

Струга ракомет

Вториот натпреварувачки ден го заокружи дербито на денот меѓу екипите на Целје и силниот француски прволигаш екипата на Тулуз, во кој славеше тимот на словенскиот шампион со 31:29 (13:14). Иако натпеварот започна со убедливо водство на французите со 7:1 младиот словенски тим ги консолидираше своите редови за на полувреме да замине со гол негатива, па на почетокот на второто полувреме го презедоа водството и го одржуваа до крај за конечна победа и само на еден триумф до финалето против екипата на Бешикташ.

Денеска на програмата се закажани нови три натпревари. Први на теренот ќе излезат домаќинот Струга против шведски Алигсас, потоа е закажан дуелот кој може да го даде првиот финалист меѓу Железничар и Доброгеа Суд, а за крај е закажан дуелот помеѓу Бешикташ и Тулуз.

За утре во 21 часот во склоп на турнирот е мечот од суперкупот на Македонија меѓу екипите на Вардар и Металург.сс/са/08:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ