• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Хасани ја продолжува кариерата во Саудиска Арабија

Хасани ја продолжува кариерата во Саудиска Арабија

Ал Куазим, 16 август 2018 (МИА) - Македонскиот репрезентативец и поранешен играч на Шкендија, Ферхан Хасани својата кариера ја продолжува во дресот на Ал Раед во Саудиска Арабија.

Откако му заврши договорот со тетовци, Хасани ја прифати понудата за едногодишен договор од тимот од Саудиска Арабија, а за периодот треба да добие повеќе од еден милион долари.

Ал Раед е предводен од српскиот тренер Александар Илиќ.

Офанзивниот фудбалер за Шкендија настапуваше од 2015 година и беше еден од најзаслужните за двете титули во Купот, како и за ланската титула во Првата лига.

За репрезентацијата на Македонија досега има одиграно 31 натпревар, во кои постигна два гола. Претходно настапуваше за Волсбург и Брондби. вз/мд/13:31

Фото: Твитер

                                                                                                                   ###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ