• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Струга совладана и од шведски Алингсас

Струга совладана и од шведски Алингсас

Струга, 17 август 2018 (МИА) - Ракометниот клуб Струга денеска беше совладан со 16:25 од шведскиот тим Алингсас.

Ова е втор пораз за домаќинот на Струшкиот меѓународен турнир, откако претходно загуби и од српскиот клуб Железничар на отворањето на 46-то издание на ова натпреварување.

Избраниците на тренерот Андон Бошковски на отвореното игралиште „Женска плажа“ добро го започнаа натпреварот и стигнаа до водство од највисоки 10:7 во 23-та минута.

Но, гостите од Шведска во останатиот дел од натпреварот ја презедоа контролата над играта и направија пресврт. Во вториот дел Алингсас само ја зголемуваше предноста и на крајот оствари убедлива победа од 16:25.

На програмата денеска има уште два натпревари меѓу Констанца и Железничар и меѓу Фениск Тулуз и Бешикташ. дб/вг/19:32

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ